Пријателството не знае граници!
Ден откако беше откриено дека Зоран Кичеец бил на одмор и се возел со автомобил низ државава, владата реши да го награди овој предобар криминалец со тоа што ќе го преименува автопатот "Пријателство" во негова чест!
"Пријателството пред се! Сакаме да градиме култура на почитување, а сметаме дека Кичеец добро ја почтиуваше својата затворска казна. Ако ги наградиме добрите луѓе како Кичеец, веруваме дека и другите би биле мотивирани да бидат добри граѓани. Затоа, чест ни е да објавиме дека автопатот "Пријателство" од сега ќе се нарекува "Зоран Кичеец". Е сега малце е зезнато што некој ќе помисли дека автопатот оди за Кичево... ама нема везе, отом потом ќе мислиме за тоа..." - беше изјавено на прес на Владата.