logo

# Сатира

Автомеханичарот на Бонева прогласен за работник на векот!

насловна слика

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес одржа прес-конференција на која ѝ соопшти на јавноста дека автомеханичарот на поранешната пратеничка, Силвана Бонева, едногласно е избран за работник на векот, по нејзиното сведоштво дека од 2011 до 2015, дури 53 пати ѝ го сервисирал возилото.

 

- Сигурни сме дека ова признание оди во вистински раце. Според бројките што ги изнесе госпоѓата, излегува дека господинот автомеханичар ѝ го сервисирал возилото на секои 28 дена и ова е најмалку што можеме да направиме за сиот вложен труд. Ова нека биде поттик и лекција за помладите, дека ако работат вредно и посветено, и имаат врски со високи функционери, ништо не е невозможно! – рече претседателот на ССМ.

 

Кооперација се обиде да стапи во контакт и со работникот на векот за да му честита на признанието, но како што ни објаснија неговите роднини, тој ја напуштил земјава по истекот на мандатот на пратеничката и денес е газда на повеќе автомеханичарски сервиси во Будимпешта.

Коментари


Остави коментар