Добро е! Можеби многумина веќе се откажаа од најавите на премиерот Зоран Заев дека "Гугл чека да го решиме проблемот со името за да инвестира", но сепак, конечно дојде денот!
ГУГЛ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ДРЖАВАВА!
Како што дознава Кооперација, бегалец од Авганистан со име Гугл вечерва по полноќ ќе влезе во земјава после долго чекање!
Сега за сега немаме информации дали навистина Гугл чекал да се реши конфликтот со името за да влезе во земјава и не сме сигурни колку ќе инвестира, но конечно добри вести за сите што за момент се посомневаа во зборовите на Зоран Заев!