Е вакви луѓе треба во државата! Што ќе се фатат за работа уште од првиот ден!
Имено, Владата објави дека Авганистанци, интелектуалци, што ќе дојдат од Авганистан во Македонија ќе добијат работа како попишувачи со цел да се исполни потребната бројка на попишувачи.
"Да, вистина е дека имаме проблем со пописот, не можеме да најдеме попишувачи. Арно ама, како кец на десетка ни доаѓаат пар интелектуалци од Авганистан. Нив ќе ги вработиме како попишувачи и така ќе ги решиме проблемите! Можеби не знаат македонски, можеби нема да можат да се снајдат по зградите и куќите, а можеби и нема да знаат како да ја вршат работата... но ако нешто ме научи гледањето на романтични филови од Холивуд - тоа е дека единствено е битен јазикот на љубовта." - изјави член на СДСМ.