logo

# Сатира

АУДИО БОМБА НА ИНТЕГРА: Телефонски разговор на Заев со извесен министер „Ќе потпалам неколку од градбите на проектот 2014!“

насловна слика

„Имаме аудио бомба, но нема да ја пуштиме сега, ќе го почекаме вистинскиот момент, но еве ќе навестиме. Најпрво, од ова најмногу стравуваме, да! Имаме аудио докази дека премиерот е со намера да почне да пали градби од проектот Скопје 2014, со цел да покаже дека и тие градби пркосат на безбедноста на граѓаните. И? Што кога ние ќе ја изградиме вселенската станица на територијата на Пробиштип? Треба да стравуваме дека некој, на пример Заев ќе ја запали после сета мака?“ - рече видно вознемирениот лидер на Интегра, се напи една од розевите пилули и купи уште еден билет за возење со рингишпилот во форма на ракета.

Коментари


Остави коментар