logo

# Сатира

Aспазија Софијанова и Ермира Асани Салија стануваат "лајф коучови"

насловна слика

Никогаш доста од мотивациони говори во 21-от век! Никогаш доста од луѓе кои ќе ја споделат својата приказна со помалку среќните со цел да се мотивираат! Никогаш доста од "лајф коучови"! Никогаш доста од луѓе кои ќе кажат "добро сеа, зашто"лајф коуч" немаме ли ние свој збор за ова?"!

 

Затоа, екипата на Кооперација е презадоволна да дознае дека Aспазија Софијанова и Ермира Асани Салија ќе одржат свои мотивациски говори низ земјава. Цената за присуство на еден ваков настан ќе биде евтин, само петстотини евра, но двете дами велат дека ќе ги отркијат своите тајни на успехот со присутните.

 

"Дали си депресивен и по цел ден седиш на каучот? Дали луѓе ти велат дека треба да излезеш од дома и да работиш? Е па не се грижи! Што ако ти кажам дека има опција да правиш пари додека седиш дома? Да, има подобар начин! Ништо не е така црно како што ти делува! Дојди на нашиот лајф коучинг и дознај ги нашите тајни!" - изјави Аспазија Софијанова во разговор со нашиот сајт, а со сличен мотивациски говор се надополни и Ермира Асани Салија која спомена: "Jam dakord me kolegun tim. Ti ke thene te gjitha bukur. Nuk kam çfarë të shtoj."

Коментари


Остави коментар