Овие денови се подготвуваат огромните прослави по повод Денот на востанието на... ам... овај...
Денот на востанието на нашата, ваша, а и впрочем сечија земја.
Ден кога се слави борбата против...
Ам.. ден кога се слави борбата против... нешто што... можеби е лошо, а можеби и не. Нешто од минатото. Што не треба да ја спречува земјава во одење кон иднината.
Но! Секогаш контроверзниот Артан Груби, само пар месеци откако кажа дека Илинден е празник на Бугарија, храбро прокоментира дека 11 октомври е празник не само на ... на... нашата земја, туку и на УЧК!
"Да. Вистина е. Без УЧК немаше да има борба против фашизмот. УЧК отсекогаш се бореле против фашизмот. Така да, и ние имаме своја причина за прослава. Се надеваме дека господинот Заев ќе префрли некој денар на мојата сметка бидејќи и јас се борев против фашизмот на 11.09.1941, а на денот ми текнува како вчера да беше. Седиме јас, Талат Џафери и Али Ахмети, а од другата страна одат Цезар, Хитлер и Дензел Вашингтон. Што да правиш и да погинеш ќе се спасиш. Така цели исплашени рековме дека изгледа ова е крај, ама битно е храбро да се покажеме против окупаторот. Станавме, спремни да се соочиме со смртта... кога отпозади гледаме доаѓа коњаница! Некој што ќе се бори на наша страна! Погодоте кој беше на чело на коњаницата? РУМЕН РАДЕВ! Да! Бугарскиот политичар што е актуелен сега во 2021, беше тогаш со нас кога се боревме со фашизмот! Уствари, вака кога се навраќам... Северна Македонија не направи ништо на 11 октомври 1941... туку УЧК и Бугарија беа тие што пробаа да се борат со фашзимот... видиш... вака од прва... не ми текиња да го имам видено Заев тогаш.. хмм... сомнително... ајде, ќе разговараме подоцна за ова..." - изјави Артан Груби за нашиот сајт