Конечно нешто позитивно во државава!
...а нели, тоа не биде бројот на луѓе позитивни на КОВИД-19.
Аптекарите велат дека во последните неколку денови имаат неверојатни профити поради тоа што се повеќе анти-маскери купуваат маски!
"Презадоволни сме! Вчера, пред протестот, стотици антимаскери дојдоа и ги купија сите маски што ги имаме. Олкав профит не сме имале уште од... од... од долго време де, не ми текнува од кога. Секоја им чест на антимаскерите!" - вели еден сопственик на аптека во државава.
Од друга страна пак МАСКА - македонското здружение на анти маскери (Македонскa Асоцијација за Слобода и Креативност на Антимаскерите) го велат следново:
"Па да. Нормално дека ние, антимаскерите ќе купуваме маски. Што сакате да палиме пред собрание? Ги купивме сите маски, пар упаљачи и ги горевме. Иначе ако не ги купевме маските немаше што да гориме. Ќе требаше собранието, а тоа не е у ред."