logo

# Сатира

Апасиев: Со две раце потпишувам дека не треба потпис

насловна слика
Откако ДИК ги одби сите 1982 писмени приговори од страна на политичката партија „Левица“ со образложение дека на пријавите немало потпис, лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев изјави дека сето ова е монтиран процес со цел да му се одземат дополнителните три пратеника кои заслужено ги освоил. Апасиев кој е доктор на правни науки, тврди дека на пријавите немало потреба да стои потпис. „Со две раце потпишувам дека нема потреба од потпис! Сето ова е дело на оваа хоштаплерска власт да ни ги одземе заслужените три пратеника кои ги освоивме. Нема да ви помине ова! “ - изјави револтирано Димитар Апасиев.

Коментари


Остави коментар