logo

# Сатира

Апасиев: Евровизија е демоде, време е за СССРВизија

насловна слика

Вечерва македонскиот претставник Васил ќе настапи на Евровизија, дури една година подоцна од првичниот датум за ова музичко натпреварување. Ова е настан што едвај го очекуваат 5-10 граѓани во државата, а очигледно еден од нив не е лидерот на ЛЕВИЦА кој на својата фејсбук страница го објави следното:

 

"ЕВРОВИЗИЈА? Нема потреба од држава без Евро Визија да настапува на Евровизија. Можеби треба да направиме нешто СССРВизија или слично. Башка, имам чуено дека оригиналното име на овој настан бил само Визија, па по препорака на Вице Заев се фрлило и едно Евро пред зборот. #ЌеСиДобиете0ПоениЗаедно"

Коментари


Остави коментар