Е дури сега се закомпликува ситуацијата! Човек да не знае дали е за Американците или за Русите.
Откако Владата на РМ најави помош за бегалците од Авганистан, најсреќни испаднаа анти-ваксерите!
Тие велат дека Авганистанците ќе им помогнат во борбата против мерките на владата, бидејќи според најновите статистики Авганистан има една од најмалите бројки на вакцинирани против КОВИД во светот.
"Одлично! Светско засилување е ова! Како Меси во ПСЖ! Имаат искуство они со вакви работи! Едвај ги чекаме да дојдат со нас пред владата за да штрајкуваат! Ќе биде ептен добро да се фатиме рака под рака со нашите браќа од блискиот исток! Ќе биде ептен јако!" - изјави еден човек што е анти-ваксер, а потоа почна да ни збори дека луѓето-гуштери ја измислиле СИДАта за да го убијат Фреди Меркјури пошто уствари Фреди Меркјури е вознемјани што доаѓа од Меркур. Затоа и името - Меркјури.
Не знаеме дали да му веруваме.