Битно се гради! Битно се бори против фашизмот!
Владата на земјава со остра одлука им ги затна устите на сите кои имаат против отворањето на контроверзни Бугарски културни клубови во земјава.
Додека сите остануваат само на дела, од владата стигна соопштение дека ќе се изгради споменик на личноста која го убила најозголасениот меѓу најозголасените!
"Шпекулациите се вистина. Владата продолжува да се бори против фашизмот, а нашата најнова одлука е вистински доказ за тоа. Имено, на плоштадот "Земјава", веднаш до спомениците на најголемите херои на Бугарија ќе стои и споменик на најголемиот непријател на фашизмот, а тоа е човекот што го уби Хитлер. Веруваме дека овој споменик конечно ќе ја затвори и сагата за проектот "Скопје 2014", па така планираме и да затвориме две контроверзни теми со една одлука. Освен споменик, наскоро ќе изградиме и културен клуб со името на човекот што го уби Адолф Хитлер, а во клубот ќе се учи повеќе за делото на овој голем антифашист." - изјави преставник на владата.
Кога го запрашавме дали знае кој е човекот што го убил Хитлер, тој ни го даде следниот одговор:
"Да бидам искрен, не знам, бегав од часови по историја. Но, ако ви значи нешто, благодарение на новите реформи во образованието, ниту едно друго дете нема да може да бега од часови по овој предмет во иднина! Поради тоа што го сменивме предметот. Да не ги замараме децата со глупости, шо е битно кој го убил Хитлер, ваљда е некој јак лик. Ајде, поздрав, се брзам на сквош."