Нов ден - нови контроверзии во земјава!
Имено, здружението на анти-маскери во земјава бара да се вратат мерките за задолжително носење на маски на затворен и отворен простор и се згрозени од укинувањето на мерките додека се уште коси Коронавирусот низ државата!
"Бараме да се вратат мерките за носење на маски на отворено и затворено! Срамота е ова што го прави владата! Значи ние постоиме само за да се бориме против мерките. Секоја недела се собиравме и си правевме муабет за тоа колку ни сметаат маските. Премногу другарства се родија поради нашето здружение. Имавме причина да излеземе од дома. Еве, јас не сум пушач, ама протестите ме натераа да купам упаљач само за да горам маски пред собарние. А сега? Што да правам? Што да протестирам? Да се укинеме како здружение? Туку така? После две години да престанеме да постоиме??? Ме мава егзистенцијална криза само од помислата дека ќе се укинат мерките. Оваа тортура и диктатура мора да престане! Сакаме враќање на мерките веднаш!!!" - изјави член на здружението на анти-маскери.
Од друга страна пак, конечно на иста страна со анти-маскерите се и "Група на анти-анти-маскери" кои велат дека сега кога нема мерки за носење на маски ќе немаат непријателска група и ќе нема зошто да постојат.
Овие две групи се надеваат дека ќе се вратат мерките за да продолжат со нивното другарство.
Се надеваме дека политичарите ќе имаат слух за барањата на овие две групи.