КОНЕЧНО! Анкетите открија тоа што ќе ви докаже дека тоа што го мислевте беше вистина!
Анкетите потврдија - тоа што требаше да потврдат!
Ова, денеска, на екипата на Кооперација им го потврди главен на една анкетна ангенција.
"Смешно е како уште луѓе ни веруваат бе. Хаха, ме смее ептен. Влегов во овој бизнис за брза плата и мислев за пар месеци ќе заврши ова, ама еве после многу години станав и лидер на мојава фирма" - изјави господинот кој продолжи:
"Значи ептен е смешно. Некој ќе плати да потврдиме дека ВМРО има предност. И нормално, ќе отидеме во 10 штабови на ВМРО и ќе прашаме луѓе за кого ќе гласаат.
После тоа одиме онака, случајно низ улица и прашуваме уште неколку луѓе.
Ништо нема мамено во резултатите, тие стварно ќе потврдат дека ВМРО има предност!
После тоа, СДСМ ќе не платат за да потврдиме дека тие водат. Истото го правиме.
Ништо нема мамено тука. Стварно 51% од тие што сме ги прашале биле за едната партија, а 49% за другата.
Или пак, ќе треба да направиме анкета за националностите.
Ќе отидеме, ќе прашуваме за информации луѓе од посебно место што третира пензионери со албанска националност.
После тоа, ќе отидеме во градинка и таму ќе прашуваме луѓе за колку години имаат.
И нормално ќе поставиме некој наслов: "ШОКАНТНО! АЛБАНЦИТЕ ПРЕД ИЗУМИРАЊЕ, А МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МЛАДИ!!!!"
И луѓево се палат како млади мајмуни у коментари.
Еден од 1000 луѓе ќе реши да го отвори линкот. Ама 999 луѓе само го читаат насловот.
Е сега, финтата е со тој 1000 што ќе кликне. Ќе кликне... и што ќе види? Вистинити информации!
Затоа мора да бидете паметни со вакви работи!
Не лажете....ама малце ја искривувате вистината.
Генијално бе батец, ме чуди колку пари има во ова! Предобро!" - изјави господинот шеф за нашата редакција.