Најновото истражување на анкентната комисија "Секундарен Голуб" дава шокантни резултати за владеењето на Димитар Апасиев!
Имено, 99% од симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни од лошите одлуки на Димитар Апасиев.
"Најлош премиер во историја. Се што е лошо во државава од него доаѓа. Воопшто не сум задоволен од него!!!" - вели Петар Јоксимовски, 39 годишен од Бутел, живее сам и е вработен во Министерството за Култура, кој реши дека сака да остане анонимен при давањето на неговиот став за Димитар Апасиев.
"Ама, од друга страна, мора да го пофалам Зоран Заев, кој е главната причина за се добро во државава. Одлична власт, најдобар премиер во историја би рекол дека е!" - изјави горе споменатиот анонимен граѓанин.
Неговиот другар Јово е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ и тој беше уште еден од луѓето кои беа дел од анкетата на "Секундарен Голуб". Тој има различни ставови од анонимнит гореспомнат граѓанин.
"Се сложувам со другар ми за Апасиев дека е најлош премиер и дека сите лоши одлуки од него потекнуваат. Ама не се сложувам дека сите работи се поради Заев. Сите добри работи се поради Груевски, кој телепатски ја води државава во вистински правец. Најдобар премиер, мене ако ме прашувате"
Останува да видиме дали граѓаните ќе му ја дадат шут-картата на Апасиев на следните избори или сепак се задоволни од неговиот фашистички пристап како премиер.