logo

# Сатира

АНКЕТА! Шилегов води во Карпош, Данела во Центар, а Камиказа во Јапонската амбасада!

насловна слика

Најнова анкета пред локалните избори! 
 

Според познатото здружение "Прашуваме луѓе нешо по телефон, да се дешава нешто, да не седиме по дома за џабе" - кандидатот на СДСМ има предност во Карпош, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има предност во Центар, а во сите поголеми општини ситуациите се израмнети.

 

Сепак, ова здружение се јавило и во амбасадата на Јапонија во Скопје и биле шокирани од резултатите.

 

"Наш фаворит е Перо Камиказа. Ни се допаѓа што има јапонска фраза за презиме, сигурни сме дека неговите родители - господин и госпоѓа Камиказа се ептен горди со него. Овие другиве имаат македонски презимиња што не ни знаеме како да ги прочитаме така да... ќе мора да кажеме дека наш фаворит е единствениот човек со збор што го знаеме. Со среќа господине Камиказа!" - велат од амбасадата.

Коментари

xpoMrJJcrdm4MHihlp3efphb42aLFUa2ZND84GWc

Не ми е јасно само зошто Петре наш не си се кандидира у Кавадарци, па таму ја прават најдобрата жолта, сигурно ќе им го зголемеше општинскиот БДП барем за 3 пати, а тоа секој граѓанин и го очекуе од таткото на градот( или беше очувот).....


Остави коментар