logo

# Сатира

Анима Мунди го пофали град Скопје за хуманиот однос кон комарците

насловна слика

Повеќе здруженија за заштита на животните, на чело со активистите од Анима мунди, денес им оддадоа признание на службите на град Скопје за покажаната посветеност кон создавање подобри услови за раст и развој на комарците и се сретнаа со градоначалничката за да договорат идна соработка.

 

По средбата, градоначалничката Арсовска, едвај задржувајќи ги солзите, искажа неизмерна благодарност што напорите кои ги вложува нејзиниот кабинет во заштитата и опстанокот на комарците е препознаен и најави дека нема да застане тука, туку и понатаму ќе продолжи да работи за нивно добро.

 

Експертите за животна средина што ги контактираше Кооперација тврдат дека односот на град Скопје еден ден ќе се изучува во учебниците по ЗПО и биологија како светол пример за тоа дека комарците и луѓето можат да коегзистираат заедно, без никакви проблеми.

Коментари

cHxHkPxCLBCAMmnWVLzSzXW8pNP585eCruY4jpb1

Ненормална работа, светот замина УПМ. Значи човекот не битен, битни се животните.


Остави коментар