Непоправливиот оптимист и љубител на се што е зелено и убаво - Али Ахмети вели дека ништо не е готово кога станува збор за македонската фудбалска репрезентација! "Видете, никогаш не се откажувајте! Никогаш не прифаќајте "Не" за одговор! Јас лично, имам две тактики како да се пласираме понатаму! Првата тактика е нашите да започнат војна во Букурешт. Така, под притисок на ЕУ и НАТО, УЕФА нема да има друг избор освен за доброто на сите да им подаде рака на нашите фудбалери во следната фаза. Освен тоа, втора опција е да потпишат некој закон според кој секоја екипа што ќе оди во следната фаза обавезно ќе мора да влезе во коалциија со нашата репрезентација. НЕ Е НИШТО ИЗГУБЕНО! СОНОТ ПРОДОЛЖУВА!"