logo

# Сатира

Али во Слупчане: Да не беше УЧК немаше да има Северна Македонија

насловна слика

На отворањето на огромниот споменик кој ги одбележува миротворците и борците за правда од УЧК, Али Ахмети упати свој говор со кој ги допре срцата на сите присутни.

 

Според него, миротворната специјална акција во 2001 е причина зошто денеска постои Северна Македонија и дека уште во 2001 имал визија дека еден ден НАТО ќе биде посилна за Северна Македонија!

 

"Ех, ми текиња ко вчера да беше... Седиме во еден ров, ја, Талат Џафери и уште пар дечки што им ги забораив имињата. И им викам "Дечки, можеби ова не изгледа така, ама ве уверувам, Северна Македонија ќе биде уставна реалност еден ден!". Oд прва не ми веруваа, некои мислеа дека можеби ќе биде Западна Македонија, а ја им реков тоа подоцна ќе биде. Ова беше од дамна, ште БЈРМ кога постоеше, кога не беше зацврстен идентитетот на земјата. Премногу крв падна таа година, а се со се една единствена цел - демократија, мир, зацврстување на идентитетот на Северна Македонија и членство во НАТО! Можеби некои тогаш мислеа дека сум сонувач, но јас им реков дека не сум единствен! И еве, денеска тука стојам и гордо можам да ви кажам дека се изборивме! За што сакавме се избориме! Старите рекле - нема леб без мотика, а јас велам Нема демократија без пушка! Се изборивме! Ќе не' биде!!! Продолжуваме понатаму со нови борби!' - изјави Али Ахмети во Слупчане на чистокрвен албански јазик, а неговиот говор ни го преведе Митре, единствениот вработен во Кооперација.мк што знае албански. Не е Албанец, од Ѓорче е, таму кај автобуската живее, ама очувот му е од Тетово па има поднаучено малце албански.

 

 

Коментари


Остави коментар