Али Ахмети уште еднаш докажува дека отсекогаш бил на страната на екологијата! Лидерот на "зелената" ДУИ, вели дека тој во 2001 го решавал проблемот со претераната населеност на планетата земја.
"Отсекогаш сум почитувал екологија. Срцето ми се кине кога гледам глобално затополување, загадување и очаен квалтиет на воздухот. Нели може подобро? Ете, 15 денари се кесите, сигурно ќе помогне. Ама секогаш може повеќе. Ете, во 2001 јас знаев дека мора да се намали бројот на жители на планетата и дека прашање на време е кога самата природа ќе ни возврати за преголемата населеност. Пробав, во 2001, човек по човек, некако да ја однесам ситуацијата со населеноста на ниво што може да се менаџира. Не е проблем, ако треба да се помогне за природата ќе помогнам пак. Битно е да се проба!" - вели Али Ахмети.
Човек, пратеник, лидер, но пред се уживател во природата и човек што се грижи за здравјето на планетата Земја!