logo

# Сатира

Али: СОНУВАМ ЗА ДЕНОТ КОГА МАКЕДОНЕЦ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЛБАНИЈА!!!

насловна слика

Лидерот на најзелената партија во Македонија, односно најзелениот меѓу најзелените - Али Ахмети денеска гордо, храбро, недвосмислено, антинационалистички, прогресивно, либерално и мултиетнички се обрати кон граѓаните на Република Македонија, а тоа го направи на чистокрвен македонски јазик.

 

Имено, лидерот на ДУИ кажа дека сонува за денот кога Македонец ќе биде претседател на Република Албанија, потег кој дефинитивно до сега требало да се случи заедно со воведување на Македонскиот јазик како официјален во Република Албанија.

 

"Срамота е во 21 век да нема Македонец како претседател на Албанија. До кога со овој национализам? Баш пред некој ден бев на посета во Албанија и гледам... секаде еднојазични табли. Вака ли во ЕУ ќе влезе Албанија? До кога? Зошто да нема премиер Македонец? Зошто да нема претседател Македонец? Зошто се уште, во 2022 побогу нема официјален македонски или српски јазик??? Зошто??? Како ќе влезе Албанија во ЕУ??? Срамота. Сонувам за денот кога Македонец ќе биде претседател на Албанија, ден што не може да дојде пребрзо. Време е!" - изговори видно мотивираниот Ахмети.

 

Овој потег беше поддржан од страна на неколку невладини организации во Република Македонија кои кажаа дека цврсто ги осудуваат националистичките тенденции на Албанија и сметаат дека само заостанат и забеган човек може барањето за Македонец претседател во двојазична Република Албанија да биде провокација.


Веруваме дека Ахмети заедно со објективните и про-демократски невладини организации во земјава ќе успеат да донесат барем малку прогрес во ова затуцано општество.

Коментари


Остави коментар