logo

# Сатира

Али се премисли: ДУИ ќе увезува членство од Косово за да продолжат партиските вработувања

насловна слика

Откако пред неколку дена апелираше државата да прекине со партиските вработувања, со што предизвика невидена паника помеѓу партиските ботови, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес ја смири топката и најави повлекување на дадената изјава затоа што, како што објасни, успеал да пронајде начин како партиските вработувања да продолжат.

 

- Изјавата беше дадена во афект, кога ги гледав списоците со членови на ДУИ и видов дека сите до еден сме ги вработиле на државно, па ми немаше смисла да продолжуваме со вработувања преку партија. Среќа еден од советниците ме потсети дека може да увеземе членови од Косово, па си реков зошто да не им дадеме шанса и нив? Работа има, а и да нема, ќе измислиме некоја функција, министерство, јавно претпријатие... Тоа барем не е проблем. - изјави Ахмети.

 

За сега не се знае кога ќе започне увозот на членството за најзелената македонска партија, но она што е сигурно е дека нивното доаѓање ќе се совпадне со одржувањето на следните парламентарни избори.

Коментари


Остави коментар