logo

# Сатира

Али Експрес: Политичари од Али Баба сакаат да не’ дискредитираат

насловна слика

Денешната изјава на Јани Макрадули дека воздухот во Скопје не е толку многу загаден, колку што се правела паника од, како што ги нарече „сензорите од Али Експрес“ - стигна и до Кина, поточно до Хангжу каде што се наоѓа седиштето на Али Експрес.

Компанијата експресно реагираше на навредите кои нашиот технички заменик министер ги изрече на нивна сметка и побара извинување во рок од 24 часа или во спротивно, се закани дека ќе ја тужи државава за нарушување на угледот.

- Не може еден заменик министер од Али Баба, во влада од Али Баба, на држава од Али Баба да не’ етикетира со вакви зборови. Али Експрес за него, за владата во која тој министерува, па и за државата е Амазон. – стои во соопштението на оваа џиновска компанија.

Според експертите, најдобро решение во моментов е да биде ангажиран искусен професионалец кој ќе се потруди да ги испегла разликите меѓу двете страни, како на пример бившиот специјален советник за странски инвестиции, брат Љубе Бошковски, кој веќе има искуство со џиновски компании.

Коментари


Остави коментар