Официјално! Али Ахмети е добитник на наградата "Маж на годината 2022"
Оваа награда веќе неколку години се доделува, а секоја година номинирани за истата се видни лица од повеќе професии во земјава.
Веќе неколку политичари до сега биле номинирани за оваа награда, а Али Ахмети е првиот што ја добива оваа награда.
Сепак, како и останатите доделувања на награди во земјава, и ова помина со дузина скандали.
Главниот скандал е - КАКО АЛИ АХМЕТИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА АКО НЕ БЕШЕ НОМИНИРАН ЗА ИСТАТА???
Стапивме во контакт со доделувачите на наградата, а оттаму ни рекоа "Брат, Али Ахмети е. Дали си изненаден што победи без да е номиниран?"
...не сме. Очекуван резултат. Најверојатно и догодина ќе победи.