logo

# Сатира

АЛФАТА НА АПАСИЕВ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ СТАРОТО ВОЗИЛО!

насловна слика

Одлични вести за возниот парк на противпожарните здруженија низ целата земја! 

 

Имено, екипата на Кооперација дознава дека повеќе нема да имаме 2-3 возила кои биле создадени во времето кога Стојан Андов бил во градинка со кралицата Елизабета, туку на противпожарните возила ќе се придружи и Алфата на Апасиев!

 

"Види батец, овие од СДСМ не сакаат луѓево да им јадат гомна дека немаат нови возила. Овие од ВМРО сакаат да ја искористат приликава да добијат некои поени во ситуацијава. И тука влага Апасиев. Он ја дава Алфата да се користи наместо стариве камиони. Ти текнуе? А он е и со Есдеес и со Вемеро. И така и двете партии добиваат поени. А бе договорено е се, мислиш нас ќе не зафркнат? Договорено е све, не смеат партиите да изгубат поени, све е наместено, слушај шо ти зборам" - ни кажа Пеце, локален експерт, уживател во салама, трилитарско евтино вино и човек кој прв ни кажа дека до Јули 2021 ќе се случи зомби апокалипса поради нус-појави со вакцините.

Коментари


Остави коментар