Нови здравствени мерки во нашата земја!
Освен тоа што ќе ви треба потврда за вакцинација за да влезете на место каде што има повеќе од 30 посетители, Владата најавува нова казнена мерка која ќе ги казни анти-патриотите кои решија да се вакцинираат во Србија, наместо да чекаат вакцини во нашата земја.
"При купување на било каков производ ќе мора да прикажете сертификат за вакцинација. Потоа, продавачот ќе треба да види дали сте биле вакциниран во Македонија или во Србија. Доколку сте се вакцинирале во Србија тогаш компанијата има право да не ви ги даде производите што сте ги купиле освен ако тие не се од Србија. Ако сакате да користите српски услуги... ќе користите српски услуги засекогаш. Вие со мене ќе се зафркавате.... ма ајде ви се молам..." - изјави Венко Филипче на прес-конференција за медиумите.