logo

# Сатира

Ако се жалите за цената на бензинот Владата ќе провери од каде имате пари за автомобил!

насловна слика

Време беше некој да каже "СТОП!' на сите неосновани негативни коментари од страна на обичните граѓани.

 

Доколку овие денови се жалите за цената на бензинот тогаш постои сериозна шанса да завршите во затвор.


Владата ќе направи детална анализа на сите жители што се жалеле на цената со цел да дојде до заклучок - "од каде им пари на граѓаните за автомобил?"

 

"Нема логика. Автомобилите се скапи. Платите се мали. Условите за живот во земјава се очајни. По некоја логика треба да е неверојатно тешко за просечен човек да ја осети кризата. За да ти биде скап бензинот треба да имаш работа и треба да имаш автомобил. Математички гледано... шансите за тоа дека ти, како жител на земјава да имаш и работа и автомобил се многу мали. Затоа, ќе провериме. Дали Руски ботови шират лажна паника или луѓе како Груевски што купуваат автомобили на сомнителен начин. Внимавајте во иднина за што се жалите. Еве и цената на кавијарот е поскапена. Ама за тоа не се жалите? Зошто? Дека немате пари за кавијар. А кавијарот е поевтин од автомобил. Сомнително... навистина сомнително..." - изјави преставник на МВР.

 

 

Коментари


Остави коментар