Очекувано беше и една од топ 55 најголеми опозициски партии во земјава да има свој став за ситуацијата што е главна тема денеска.
Имено, ВМРО-ДПМНЕ на прес за медиумите објави дека ќе го блокира собранието се додека не се изнајде решение за Евровизија!
"ОВА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ! До кога владата ќе прави вакви неуспеси?!?! СДСМ се виновни за ова што се случи со Евровизија! Бараме да се реши ситуацијата или ќе го блокираме собранието!" - изјави млад дечко на пресот на партијата.
Еден од присутните новинари запраша дали од партијата знаат што се случило или само ја користат ситуацијата за да добијат евтини политички поени, а одговорот беше следниот:
"А бе... овај... види... ја... овај... види... ние у партија... овај... Зафатени сме сите у партија. Нешто скролав на интернет, видов дека има ваква тема. Појма немаме што се десило, ама сигурни сме дека СДСМ се виновни. Па пробавме некако да поврземе ова. Мислам ајде, цела недела најавуваме дека ќе блокираме собрание... и сеа некоја пејачка испадна поголема тема од нас?!?! Моравме некако да излеземе со став за да го вратиме вниманието кон нас."