8 септември 1991:
Референдумско прашање: "Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?"
Излезеност: 75.74%
За: 96,46%
Против: 3,54%
Референдумот е успешен, Репбулика Македонија прославува независност на плоштад, слават луѓе од најразлични партии, религии, убедувања и што ли уште не.
Алтернативен универзум, 8 септември 1991, каде што луѓето го имаат менталитетот на граѓаните од 2021:
Референдумско праш..
-Чек малце, мора ли референдум? Има ли други опции? Чекајте малце, да поминат 10 месеци со дискутирање на темава од страна на пензионери на утрински емисии
-ЈА СУ ПРОТИВ ГЛАСАЊЕ ЧУВ ПРСКААТ СО САРС НА ЛИВЧИЊАТА ЗА ГЛАСАЊЕ САКААТ ДА НЕ ОТРУЈАТ СИТЕ!
-ГРУПА НА АНТИ-ПРО-АНТИ-ПРО-ПРО-АНТИ-ПРО-РЕФЕРЕНДУМАШИ ГИ БЛОКИРАШЕ УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ!
-Една од партиите обвинува "КАЖЕТЕ КОЈ ВЕ ПЛАЌА???? 2 ГОДИНИ ПОСЛЕ РУШЕЊЕ НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД СЕА КАО ДЕМЕК СЛУЧАЈНО ВИ ТЕКИЊА НЕЗАВИСНОСТ, А?"
-Дали ќе гласам? Не знам...можеби? Не знам? Овај...ајде... ај после ќе праиме муабет...не знам...
-Шо? Ти сакаш да има референдум? ПРЕДАВНИЧКО КОПИЛ...што? Лошо сум те чул? НЕ сакаш да има референдум? Ахаам..извини извини, слабо слушам. Значи не сакаш референдум а?.... ПРЕДАВНИЧКО КОПИЛЕ ЕДНО!
-Амбасадорката на САД се сретна со политичарите. Независност е демоде, ни нуди да станеме 51 држава
-Види, најкриви за тие во оваа ситуација се уствари малите бебиња што се родени у последниве две недели. Само ќутат и плачат. Тие се криви за све, мамицата нивна!!!
-Јас чув дека ќе те казнат 500 евра казна ако не гласаш...
-Јас чув 500 евра казна за секој што ќе гласа...
-А бе голема игра се игра тука слушај што ти зборам...
-Една од партиите обвинува "Независност? Ајде прво да решиме други проблеми...што праиме со една сијалица у Дебар Маало што не свети?? Има време за други работи, има и посериозни работи..."
-Независност? Дечки, ај да мислиме како ова ќе влијае врза Грција и Бугарија... нема логика да бидеме себични...
-А чек..зошто прашањето не е покомплицирано? Зошто прашањето не е на српски???? Па до вчера иста држава бевме...ајде двојазичност...а чекајте малце...а животни? Смеат да гласаат животни? ДО КОГА СО ОВАА НЕХУМАНОСТ???? ВАКА ЛИ ВО ЕУ БЕ ДРУГАРИ?!?!?! Шо? Како тоа мислиш ЕУ за две години од сеа ќе се создаде? И ТИ СИ ЛИ ОД ОВИЕ НЕБАЊАТИТЕ ШТО НЕ САКААТ ЖИВОТНИТЕ ДА ГЛАСААТ?????
-Кампањата "отиди им без парфем на избори" е успешна! Само вака ќе се бориме со фашизмот! #ОдиДаГласашБезПарфем
Конечно, после билион проблеми и препукувања се случува референдум.
Прашањето е:
Дали сте?
Излезеност: 2.53%
51% - За
49% - Против
Собранието го игнорира ова и решава дека не сте.
Шо? Првичната идеја беше за независност? Прашањево нема врска? Очекуваше посмешен крај? ... од која партија те плаќаат тебе бе?
И на крај краева шо кур ме боли како почнала статијава... ајде да гледаме напред. Да го баталиме минатото.