Македонија е еден чекор поблиску до победата на следното издание на Евровизија!
Овие ветрови на оптимизам доаѓаат откако дознавме дека нашиот претставник ќе биде Африм Гаши и неговиот бенд "Празни Џебови", а ова било договорено на преговорите на Гаши со Зоран Заев.
"Што? Мислиш дека е глупаво политичар да ја претставува Македонија на Евровизија? Сигурно си албанофоб! Ти смета што праќаме Албанец!!! Ноторна лага е да се вели дека ова е мешање на политика во културата и обична глупост е да се вели дека ова било договорено на средбата на Гаши со Заев. Едноставно го одбравме бидејќи е најдобар избор. Супер човек е. Ќе лапнеме 12 поени од Косово сто посто!" - изјави Коста Петров за нашиот сајт.
"Да бе. Политички е све ова. Се договоривме на средбата да му дадам настап на Евровизија за да дојде во владата." - изјави Зоран Заев пар минути откако го исконтактиравме Коста Петров.
Екипата на Кооперација не доби шанса да му објасни на Коста Петров дека Косово не е дел од Евровизија. Најверојатно ќе дознае во меѓувреме.
Што друго да се каже освен "Со среќа Гаши! Од тебе нека им се тресат гаќи!"
Се надеваме дека ќе лапа 12ки!
Во продолжение, познатиот хит на Гаши и "Празни џебови"