logo

# Сатира

Аеродромот ќе се кади со темјан за заштита од коронавирусот

насловна слика

Добри вести за сите хипохондрици кои денови живееа во страв дека властите нема да преземат никакви мерки за да ги заштитат граѓаните од коронавирусот, кој полека, но сигурно се шири надвор од Кина.

Како што дознаваме, на интервенција на министерството за здравство, по итна постапка е закажано кадење на аеродромот што ќе го извршат двајца православни и еден католички свештеник, а според Рамковниот - присутен ќе биде и еден оџа.

До крајот на епидемијата аеродромот во секое време ќе има еден регистриран кадач, кој ќе се погрижи сите патници што доаѓаат од критичните земји да бидат прописно стерилизирани, со цел да се спречи појава на вирусот тука.

Коментари


Остави коментар