logo

# Сатира

АД Бутел: Нашите станари не знаеле дека изборите се одложени

насловна слика
Шокантна вест сподели В.Д. Директорот на Градските Гробишта Бутел - Живко Михајловски. Имено, утринава на  Градските Гробишта Бутел е забележена невообичаена раздвиженост, откако група на граѓани се упатиле кон гласачките места. Причината за оваа раздвиженост, како што нагласи заменик директорот е тоа што, дел од нивните станари не биле информирани дека изборите, кои требаше да се одржат денеска, се одложени, па традиционално како и на сите претходни избори се упатиле да го остварат своето загрантирано граѓанско право. „Знаете нашите станари, од разбирливи причини жевеат во медиумски мрак, па кај дел од нив не стигнала информацијата дека изборите се одложени. Оваа инфомација им беше соопштена утринава, и морам да Ви кажам дека со тешко срце ја прифатија. Едноставно, како да ги закопа ова! Ја користам оваа прилика, исто така, да ја известам јавноста дека нашите станари максимално се придржуваат на препорките на СЗО. Обавезно се води сметка, да има 2 метри растојание помеѓу граѓаните и социјално дистанцирање. Па затоа во моментов немаме нови заразани, а смртноста е на многу ниско ниво.“ - истакна В.Д. Директорот на Градските Гробишта Бутел - Живко Михајловски.

Коментари


Остави коментар