logo

# Сатира

АД Бутел ќе организира онлајн погреби

насловна слика
АД Бутел се приклучи на акцијата #СедиДома и започна со организирање на онлајн погреби. Отсега граѓаните ќе имаат можност, наместо да одат на гробишта и да си го доведат својот живот а и животот на починатиот во опасност, погребот да го проследат онлајн од својот топол дом. Во акцијата се приклучи и МПЦ која ќе обезбеди онлајн пеење на поп по досега најниска цена, со што значително би им се помогнало на граѓаните, знаејќи дека се очекува во периодот кој следува земјава да ја зафати економска криза. „Животот на нашите граѓани отсекогаш бил нашиот највисок приоритет. Со ова сакаме да им порачаме на граѓаните дека сме тука и дека се грижиме за нивните животи. Со едноставно логирање со својот профил на нашата веб страна граѓаните ќе имаат можност да го проследат било кој погреб оргазниран на нашите гробишта. Посебно сме благодарни на МПЦ која се приклучи на акцијата и обезбеди онлајн пеење.“- изјави претседателот на АД Бутел Живко Милосавлевиќ.

Коментари


Остави коментар