logo

# Сатира

Абази: На сликите со функционери од ДУИ е мојот одамна изгубен брат близнак

насловна слика

Огромна радост во семејството Абази донесе денешниот ден откако нивниот најистакнат член, Ислам Абази, во само 24 часа, стана прв човек на обвинителството за организиран криминал и го пронајде својот одамна изгубен близнак, со кого биле разделени на раѓање.

 

- Цел живот се чувствував како пола човек и денес ми стана јасно зошто. Замислете, скоро 4 децении двајцата сме живееле во Зајас, што се вика еден до друг и не сме знаеле еден за друг. Исто како со комшијата Али. - рече пресреќен Ислам Абази.

 

На крајот, тој од срце се заблагодари до цела ДУИ, затоа што токму нивната иницијатива да го направат прв обвинител била мотив за новинарите да ископаат нивни стари слики и да го лоцираат неговиот брат.

Коментари


Остави коментар