Кој би рекол дека теориите на заговори беа во право!!! 5Г кулите сепак ширеле некаков ефект на перење на мозок врз граѓаните!!!
Екипата на Кооперација стапи во контакт со граѓанин што пред една година тврдеше дека 5Г ќе ги убие граѓаните! Еве како се одвиваше разговорот:
-Добар ден господине
Добар ден.
-Пред една година тврдевте дека 5Г кулите ќе ги убијат граѓаните во земјата. Еве ги, живи се. Што ќе кажате за тоа?
...а? ја? шо? Овај... ам... а бе... не знам? Могуче??
-Да, да, паметиме, го кажавте ова, еве, веќе една година 5Г не е тема на разговор.
Хмм.. не памтам. Могуче...
-Добро тогаш. Збогум.
Збогум.
Ете!!! Овој човек не памети дека пред една година тврдеше дека 5Г кулите ќе ги убие сите граѓани на земјава!!! Не памети!!!! 5Г кулите му го испрале мозокот и сега не памети што говорел!!!!
ДО КОГА ЌЕ ТРАЕ ОВА ПЕРЕЊЕ НА МОЗОЦИ ОД СТРАНА НА 5Г КУЛИТЕ??!??!!!!??!!!!!??!!!??!!!!!???!!????!!!!