И десетина денови после трагедијата во Тетово во која стотици луѓе ги изгубија своите пријатели и роднини не запира лавината на реакции на социјалните медиуми. Секој ден има масовни протести пред владата каде што граѓани со натписи "УШТЕ КОЛКУ ТЕТОВЧАНИ ТРЕБА ДА УМРАТ?", "И ЈАС СУМ ТЕТОВЧАНЕЦ", "НЕМА ОСТАВКА НЕМА МИР" и "ЗДРАВЈЕТО ПРЕД ПРОФИТОТ" бараат итно прифаќање на оставката која си ја поднесе Венко Филипче од морални причини.
"Да, вистина е. Осеќам одговорност, веќе недела дена се немам појавено пред камера од што ми е лошо. Секоја вечер плачам и посакувам да можев некако повеќе да помогнам. Во овие црни денови за државата најмалку што можам да направам е да ја понудам мојата оставка." - изјави Венко Филипче за нашиот сајт.
И покрај ова, Зоран Заев се уште го нема прифатено овој потег на министерот за здравство, па поради тоа дури 55 невладини организации се здружија за да побараат одговорност и од премиерот Зоран Заев поради тоа што тој се уште не ја прифатил оставката на Венко Филипче.
"Срамота е ова што се случува. Се уште нема никаква одговорност? Ова е режим!!! Премиерот ги штити тие што му се блиски во партијата. Како не му е срам! Требаше во првите 24 часови да биде прифатена оставката! Уште колку Тамари треба да починат... овај, се извинуваме, нема ниту една почината со името Тамара. Ама... уште колку Тетовчани треба да починат за да има некаков ред и одговорност во државата? Затоа, сите ние бараме одговорност од премиерот и минситерот. Моралноста, етиката и правдата пред се! ЗДРАВЈЕ, А НЕ ПРОФИТ! Воедно, упаќаме своја поддршка за масовните протести пред владата во кои граѓаните преку немир бараат правда. Се надеваме дека ќе остане оваа ситуација на немир се додека не излезе правдата на виделина." - се вели во соопштението на 55 невладини организации.
Екипата на Кооперација ќе продолжи со известување за оваа ситуација.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако не сфативте од огромниот збор над текстот, ова е САТИРА. Во реалноста никој веќе не пишува на социјалните медиуми за трагедијата во Тетово, никој не зборува за Венко, нема никакви протести пред Владата, а уште помалку па Венко почувствувал срам или морална одговорност бидејќи секој ден се појавува на митинзи за својата партија.
Оваа забелешка е тука случајно ако некој помисли дека недај боже некоја од невладините организации во нашата, ваша, а и впрочем сечива земја, служи за нешто повеќе од продолжена рака на Владата и луѓе и здруженија блиски на истата.