Нецели 24 часа му беа потребни на новопечениот Бугарин, Христијан Пендиков, да ги ислуша и да ги положи сите предмети на Факултетот за меѓународни односи и човекови права и да стане најистакнат бранител на правата на Бугарите во Нашата Земја.
- Синоќа спиев само 10 часа, а останатото време учев и полагав испити. Некаде кај 9 сабајле почнав да ја спремам дипломската, а во 10 ја одбранив. Беше тешко но вредеше затоа што конечно Бугарите во Македонија ќе добијат образован човек кој ќе се бори за нивните права со цело срце. - изјави Пендиков.
Дека се работи за генијалец, кој бил заборавен од нашата држава, па морал да си ја бара среќата во странство, говори и фактот дека Пендиков успеал да дипломира пред да ги научи сите букви од бугарската азбука.