logo

# Приказни

Зошто постојат теориите на заговор?

насловна слика

Мичио Каку е интересен тип. Човек кој како дете правел забрзувачи на честички во гаражата на родителите и автор на многу книги за популаризација на науката. Понекогаш наликува на еден Шелдон од вистинскиот живот, меѓу другото двајцата се теоретски физичари од областа на String Theory, една од најегзотичните области на науката, но секогаш има интересно, информирано и концизно мислење за светот и проблематиките на модерното живеење.

Овој пат го искажува своето мислење за теориите на заговор, особено т.н. „анти-ваксерско“ и „рамно-земско“ движење. Основата за овие „теории“ е суеверјето, кое според Мичио Каку одиграло значајна улога во човековиот опстанок и еволуцијата. Магиското и суеверно размислување се јавило многу рано во нашиот развој и било дел од нашиот живот толку долго, што станало дел од нас како вид.

Според авторот, научното размислување е премногу кратко дел од нашата историја, за да биде вградено во нашиот инстинктивен начин на размислување. Тоа бара внимание, посветеност, истрајност и многу поголема жртва отколку суеверјето. Заради тоа Мичио смета дека верувањето во тоа дека земјата е рамна плоча и дека вакцините се штетни ќе биде присутно и по илјада години.

Дали е тоа добра вест за теоретичарите на заговор или лоша за човештвото останува да просудите сами откако ќе го изгледате ова видео.

——————————————————————————

Текстот е претходно објавен на порталот Арно.мк.

Коментари


Остави коментар