logo

# Приказни

Живот

насловна слика

Ќе си живеам на крајот од селото, таму кај што почнува шумата. Не одам на работа, домаќинка ќе бидам. Ќе месам пита со киселец и коприви набрани утрината. И џемови разни ќе правам. Од диви јаготки, капини, малини и шипки. Тој ќе оди в шума по печурки и ќе донесе многу вргањ и лисичарки. Дел ќе ги јадеме додека се свежи, а дел ќе ги распостелиме да се сушат. За да има за зимата кога ќе фатат снеговите. Приквечер ќе седнам на чардак и ќе пишувам.

Коментари


Остави коментар