logo

# Приказни

Завиткај уште еден, Сем

насловна слика
Денот беше совршено облачен и галебите кружеа на неколку метри од нашите глави. Брановите околу нас раскажуваа приказни за несреќните љубови од Токио до Буенос Аирес. Седевме во дворот од нашата изнајмена куќа и дувавме џоинт по џоинт. Еден јаворов лист, понесен од збунетиот ветер удри право во челото на Сем, и тој изрипа, вресна и побегна внатре во куќата, каде што се скри под хекланиот чаршаф кој старееше на големата трпезариска маса. Ти беше облечена во бел ленен фустан и на косата имаше венче од кактусови цветови поради кои есента сѐ уште не се осмелуваше да се всели во нашите глави. „Треба да намалите малку со тревкиве. Сепак сте во расказ“, ми намигна и си ги прекрсти нозете на начинот на кој месечината ги повикува ѕвездите на вечера.

Коментари


Остави коментар