ЗАБОРАВЕНА ЗИМСКА ПРИКАЗНА
Еден загаден зимски ден, додека сонцето си ја ставаше медицинската маска за да не му се затрујат зраците кои ги пушташе кон Скопје, Дејвид Брн реши да се ожени. Но, не знаеше со што. И така, го отвори плакарот и во него најде: заспана куќичка за кукли (со една кукла на која одамна ѝ беше паднала раката), 3 мравки, половина скакулец, неколку плочи од педесеттите и брдо шарена облека која му припаѓала на некој унгарски гроф. Дејвид, разочаран зашто не си најде невеста, излезе на прошетка низ центарот на градот, но градот беше празен. Загаден, но празен. Се слушаше само песната на маглата на која танцуваа булеварите со бандерите и дури ни птиците немаа што да кажат. Разочаран, Дејвид Брн си појде дома и ја напиша Psycho Killer.