logo

# Приказни

ЗА МАИТЕ - хоштаплери!

насловна слика

Деновиве се навршуваат 7 години од предвидувањето на маите за крај на светот, што требаше да се случи во декември 2012-та.

Девојка ме нема така изневерено и разочарано, како што ме изневерија маите тој ден.

Разочарувањето е се уште големо, не само во моето семејство, туку и пошироко, еве на пример и кај комшијата, го слушнав сабајле викаше дека ништо не било ко што треба!?, и не е!, да се оствареше предвидувањето, сега ќе беше буквално се поинаку.

Како и пред 7 години, така и денес, јас всушност најмногу бев/сум разочаран од луѓето, т.е. се уште сум во неверување колку луѓето не веруваа на предвидувањето на маите дека ќе исчезнеме баш тој ден.

Тоа е непочитување кон една цела цивилизација, вид расизам!

Во генот на луѓето е да веруваат, едни веруваат во рајска градина, други веруваат дека во '69та човек шетал по месечината, трети веруваат дека се на прав пат, но никој по ѓаволите не веруваше дека тоа попладне, тој декември, 2012та, ќе се случи крајот на светот.

Изневереноста од самите маи како цивилизација, во моите очи, исто така не е за потценување.

Сме ги учеле во школо од најмала возраст, како цивилизација претставници далеку пред сите, со големи познавања во областа на правење календари (најмногу пред нова година, за фирми). До толку се занимавале со предвидувања, што по тоа и ги памтиме неколку милениуми подоцна.

Кај маите, во просек, во секое четиричлено семејство, минимум тројца биле видовити, гледале во очи, на тарот карти, на уно карти, во кафе, чај, млеко, влакно од коса, она таквото меѓу два прста на стапалото и слично, а тој што немал таква моќ се занимавал со баење, киропрактика и со совети за здрава исхрана.

Конкуренцијата на ниво на семејство била јака, а да не причаме ако си живеел во барака лепенка со комшија. 

Сега (после декември 2012та), се тргнати од сите учебници по Кембриџ програмата. 

И со право!, бидејќи до толку ни се претставувале као факмани, што не само што кажале дека светот ќе исчезне на 21 декември 2012та, туку направиле Кајзер Созе финта, со милениуми ние да сметаме, дека и тие самите исчезнале преку ноќ!?, и се тоа до таа мера напумпано, за на крај да не излезе ништо ни од нивноно, ни од нашево исчезнување. 

Само драми да се правело!?

Да скратиме,... не само што џабе сме ги изучувале маите, туку (најверојатно како резултат на таа наша разочараност, изневереност) видете што ни се исподеси после тој декември 2012та:

- прислушкувани разговори, во кои за жал ме немаше мене :(

- појава на луѓе глутен интолеранс

- појава на луѓе вегани

- нетрпеливост помеѓу вегетаријанци и вегани

- Слаѓана Велков

- шарени луѓе

- нова гарнитура на ослободители на македонскиот народ

- производство на тоалетна хартија во Преспа

- па немање на македонски народ

- заминување во Пешта

- 3 пати примени во нато

- 3-4 пати одложен датум за датум за почеток на датум на отпочнување на подготовки за датум за почеток на преговори за датум за влез во... мислам еу

- славење на гореспоменатите успеси... масовно, во сите градови

- глутен интолеранс под контрола

- Тамара пее

- Коста Петров пишува

- Тамара се извинува што пее

- Коста Петров не се извинува што пишува

- Кочо заминува :(

- Ката се чувствува невина,... шо знам, мислам има деца

- Кичеец си призна дека не е невин

- Орце потврди

- на светско ниво: Трамп во САДржави, Борис во ОКралство, Зоки

Кога ќе размислиш подобро можеби маите и биле во право, можеби на 21 декември 2012-та дошол крајот на светот, ама крајот на крајот ќе биде троа бавен, со капитализам, со демократија, да боли.

Коментари


Остави коментар