За Дражен
"Svoju si dobrotu ostavija svima, nekoj novoj dici igru s Baldekina"
Кога помислувам на Шибеник, мислам на Арсен Дедиќ и секако, на Дражен Петровиќ.
24 јули 2017, Шибеник. Убиени од сонцето, ама ајде, тука сме, дај да тркнеме до кај Дражен. Им раскажуваме на ќерките за тоа колку е тој голем и што значи за нашата генерација и стасавме до игралиштето каде почнал со кошарка и во уличето погоре појдовме до зградата кај што е роден. И упс! Пред зграда стои мајка му со двајца мајстори... Подголтнуваме, одиме до кај неа, се претставуваме, нè гушка, ни вика: "Evo, donjeli smo njegov prvi auto, Golf, da stoji ispred zgrade. Dodjite doma da vam pokazem gdje smo zivjeli". Потресени од возбуда, се качуваме кај Дражен дома, нè носи во неговата детска, гитара на креветот, неговите учебници, слики од тоа време, сè останато немрднато така како што тој оставил... Раскажува за него, го спомнува Тоше, прашува за неговите родители и зборуваме за тоа дека секој различно се справува со болката, тие се повлекле, а еве, нејзе оваа активност ја држи во живот. На децава им подарува бонбониера со ликот негов, ни вели да го поздравиме Скопје, тој таму имал девојка, Сунчица се звала, се гушкаме, збор-два со мајсторите, нормално и еден од нив имал девојки од Скопје, ДЕВЕТ!, бил Штип војска... и си отидовме.