Врски полни отров
Едноставно е и тука нема филозофии. Ако партнерот со кого си, создава во тебе чувство на самоувереност, спокојство, додека сте во друштво со куп згоднотии гајле немаш бидејќи знаеш дека си единствен/а, ако немаш никаква потреба да го/ја следиш и да гледаш што прави, кај лајка и да изигруваш приватен детектив или џандар... вистински е и чувај го. А ако ти буди спротивни чувства, ако си опседнат/а со него/неа, ако во секого гледаш потенцијална опасност и крадач/ка, ако имаш потреба на светот упорно да му покажеш дека е твој/а како божем не знаеме... тргни се. Љубомората е најгадна болештија и немој да се тешиш дека е доказ за љубов. Не е. Отровна е таквата врска и ништо добро нема да ти донесе. Само ќе полудиш.