Joe Rogan Experience почнав да го слушам, поточно да го гледам на YouTube, можеби уште во првите години од постоењето на подкастот (околу 2010-та). Ме интересираа необичните и откачени гости и неформалниот тон на разговор кој го водеа Џо, заедно со техничарот Брајан Редбан (Brian Redban). Во почетокот тоа најчесто беа колеги комичари на Џо, но во следните години палетата на гости се зголеми и се збогати.
Joe Rogan Experience е навистина уникатно искуство! Она што особено нѐ интересира нас, секако не е виралното видео со Илон Маск како пуши трева за време на овој подкаст (JRE #1169 – Elon Musk). Како што потенцира уште еден генијалец, Нил Тајсон, тоа е сосема неинтересно, за разлика од другите делови од подкастот каде што се гледа генијалноста на Илон, како човек кој постојано ги процесира нештата, а мозокот му работи со брзина и фреквенција повисока од нашата, на обичните смртници.
Не, она што нѐ интересира нас се „неочекуваните“ гости на овој подкаст, контроверзните научници, доктори на науки кои не се плашат да ги предизвикаат парадигмите и да постават теории кои потенцијално можат да сменат цели научни дисциплини, како на пример алтернативните археолози Рандал Карлсон (Randall Carlson) и Греам Хенкок (Graham Hancock).
[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]
Од попознатите и поинтересни фаци гостувале култниот режисер Кевин Смит (Kevin Smith), култниот документарист Луис Теро (Louis Theroux), актерот, комичар и активист Расел Бренд (Russell Brand), како и Bernie Sanders, Mike Tyson, Edward Snowden, Jamie Foxx, Roseanne Barr, Bill Burr, Alex Jones, Edward Norton, Mel Gibson, Steven Tyler, Robert Downey Jr. и многу други. За нив, особено за Нил Тајсон, ќе ви раскажеме друг пат, а во меѓувреме, гледајте Joe Rogan Experience!