Многу бев мала, второ, трето одделение. Требаше да составиме текст за нашите желби и мечти.
Напишав дека моја најголема желба е луѓето никогаш да не умираат.
Учителката Славка ми рече дека тоа е невозможно оти Земјата нема капацитет да нè додржи.
Тоа беше најсуровата вистина што моите детски, невини уши го беа чуле.