logo

# Приказни

Викенд

насловна слика

„За викенди сакам да го фатам денот рано - станувам околу 13 часот. Палам fixie-то од Дебар Маало правец Парк на малку сонце и едно добро фредо капучино! Мал круг низ паркот, па правец назад Дебар Маало, стомакот реагира и време е за brunch со екипата! Добар бургер со ајоли од авокадо, Jamón ibérico, секако од Каталуња, затоа што андалузиската е бљак, јајце од туркменистанска препелица, лебче од хељда и брашно од прегорен бамбус. Совршен оброк за разбивање на мамурлук, совршен оброк за седење со екипата, а и економичен, само 1756 денари. Седиме, јадеме, дискутираме кој клуб вечер ќе го посетуваме, каде има најбоље MDMA, и дали годинава ќе одиме на скијање во Chamonix, Zermmat, Saint Moritz, или пак и годинава ќе успеме да отидеме на сите три повторно, барем по 7 дена. А и сурфање во Zarautz во лето, задолжително! Ах, прекрасно е да си млад.“ - Иван Фиксиџиев, љубител на добриот бранч, семи вработен.

Коментари


Остави коментар