logo

# Приказни

Вашиот среденонеделен алтернативен хороскоп.

насловна слика

1. Водолија- со оглед на тоа дека е среда, а вашиот знак е воден, има веројатност дека ќе се удавите. Дали во пичиња, вода или говна, зависи од тоа колку вашите родители краделе во распадот на Југославија.

2. Риби - Посните слави веќе оддамна поминаа и вашиот знак изгуби релевантност. Но без грижи, не дека и луѓе ве есапеа многу многу дур беа славите и онака.

3. Овен - Неделата нема да ви донесе многу среќа, особено ако имате големи одлуки за правење. Викендот уште помалце. Седете дома. Преправајте се  дека сте болни.

4. Бик - Меркур влегува во 3та куќа, што ќе овозможи да направите голема промена во вашиот живот. Удрете ја животната заштеда на Лече-Сампдорија X у 1.

5. Близнаци - Велат среќта ги прати храбрите, ама пошто сте срање и не превземате ништо за себе, да не ми се секирате, нема да ве прати среќата ама ич.

6. Рак - Има веројатност за излегување во ноќен клуб со диско музика овој четврток, со 100% шанси дека поише ви се иде у Океаник место у Сектор, ама ај, где су млади тамо је шала.

7. Лав - Петок како ден ќе ви донесе нови и возбудливи информации. Вашата тетка со големо наследство и без деца има понапредна фаза на рак на бели дробови. Спремете се да си копате очи со вашите браќа и сестри за 3те ниви во Отошница.

8. Девица - Премногу време трошите на анализирање на вашите постапки на работното место. Реално, зашо ве боли кур, и онака сте обработувач на тикети во кладилница Спорт Лајф - Дедебалци.

9. Вага - некогаш едноставно не е ваш ден, недела, па ниту година. Престанете да гледате Friends, постојат и други видео содржини, реално.

10. Шкорпија - Овој викенд очекувајте изненадување - жена ви е трудна а вие сте невработен.

11. Стрелец - Марс ќе ви овозможи да имате плодна недела со среќа и бериќет на секој аспект. Ама од следната ќе наебете фул.

12. Јарец - Како огнен знак, многу е важно оваа недела да не јадете многу муда за бубрези, најмногу поради фактот што вашиот комшија и близок пријател е тастер у МВР.

Коментари


Остави коментар