logo

# Приказни

Ужасен расказ

насловна слика
Додека кучето си играше криенка со болвите кај штавелот зад дворот, ти се качи на јаболкницата висока колку стокатница и пробуваше да си ги изедеш ушите. Беше прекрасна. Те гледав и се радував додека мочкаше со малите сини гаќички што си ги купи од некој пазар за неколку парички. Косата ти леташе од запад кон исток (на моменти скокоткајќи ги пингвините кои се лигавеа на Антарктикот, фантазирајќи рај- ски птици со големи клунови), а градите ти пот- скокнуваа како дадаисти на куклена свадба. „Остаревме, љубов моја“, си помислив, а ти се насмевна и ми прати голем, сочен бакнеж.

Коментари


Остави коментар