logo

# Приказни

Свирка

насловна слика

„Телекастерче и тесни панталони. 3 рифа, 7 албума. Соло во стилот на големиот Роберт Саздов, 3 до 5 тона. Се знае како се прави музика, се знае како се прави хит. Помина времето на бркање звук, на спознавање на инструментот. Се знае чк чк чк, едно електронско интро што звучи исто ко кај сите бендови, малце фанк, тегнење на самогласките пошо реално „СВИИИИ СМО ИЗ БЕЕЕЕЕАЕАОГРАДА“. Малце крстење у Sonic Youth, малце плачење по Милан Младеновиќ, многу проблеми со тестиси од носење претесни панталони. Темата - љубов. Така се прават хитови.

А јас конкренто со дизајн и концептуална уметност се бавам. Девојка ми има 17, се запознавме на концерт на Буч Кесиди баш некња. Супер дешавка. Здравје наредна година, ќе наполнам 35 година, па се надевам ќе упадне и некој денар од тезгиве шо ги работиме со алтерантивен театар Курофмиленче у скопско Марино“ - Фабијан Караниколиќ, уметник, роќер, чест изустувач на фразата „Добро бе мамо уште 1000кава ти ја земам, од утре ми плаќаат за свирење!“.

Коментари


Остави коментар